Вести|

СПОДЕЛИ

„OFF ROAD RACE KURATICA 2022”,

На надморска височина од 1400 мнв кај месноста викано ТИНА, на 27 Ноември Куратица беше домаќин на несекојдневен настан „OFF ROAD RACE KURATICA 2022”, на кој право на учество имаа, џипови, мото крос, АТВ.

Патекта беше со вкупна должина од 2300 метри уредно обележана.

Правило за џиповите беше да учествува  возач и совозач – помошник, мотокрос и АТВ по едно лице-односно само возачот.

Во екстремни – зимски услови  на настанот имаше огромен интерес, со што Куратица  покажа дека може понуди уште една туристичка атракција  во Охрид. Од страна на организаторите беше обезбедено дополнителен шанк  со храна пијалоци , озвуцување ,редари  стручни лица за мерење на време . Целиот настан  беше  LIVESTREAM – емитуван во живо на социјалните мрежи (Куратица, Охрид Инфо и Дедо Димо Ресторан) и youtube.

По завршувањето на трката следуваше  прослава во Етно ресторан Дедо Димо и прогласување на најдобрите

МОТОКРОС:

  1. Филип Димоски 4 мин 8 сек 41 стотинка
  2. Кристијан Давидоски 4 мин 11 сек 30 стотинки
  3. Наумче Чулчески 4 мин 31 сек 53 стотинки

АТВ:

  1. Даме Горѓески 4 мин 51 сек 03 стотинки
  2. Владимир Јовчески 4 мин 52 сек 18 стотинки
  3. Ристе Ристески 6 мин 2 сек 08 стотинки

ЏИП до 2500 см3

  1. Јованчо Стојаноски 5 мин 54 сек 03 стотинки
  2. Борче Митрески 6 мин 48 сек 10 стотинки
  3. Дарко Попоски 7 минути 35 сек 13 стотинки

ЏИП над 2500 см 3

  1. Лавдрим Велиу 5 мин 12 сек 41 стотинка
  2. Александар Илоски 5 мин 36 сек 89 стотинки
  3. Славчо Аврамоски 5 мин 42 сек 39 стотинки

Благодриме на поддршката на 2S Studio ,MalcheSound, Кирил Пецаков, приватни сопственици и сите присутни гости.

СПОДЕЛИ
Close Search Window