Вести|

СПОДЕЛИ
На надморска височина од 1400 мнв кај месноста викано ТИНА, на 27 Ноември Куратица ке биде домаќин на несекојдневен настан „OFF ROAD RACING 2022”, на кој ќе имаат право на учество, Џипови, мото крос, АТВ .

Право на учество имаат сите заинтересирани што се осеќаат способни за возење по планински предели.
Патекта е со вкупна должина од 2000 метри уредно обележана.
Правило за џиповите е да учествува возач и совозач – помошник, мотокрос и АТВ по едно лице-односно само возачот.
За учесниците на џипови учеството е 1000 денари додека за мотокрос и АТВ 500 денри, со што добиваат пијалок и оброк награда за најдобрите и по завршувањето на трката следува прослава во Етно ресторан Дедо Димо.
За посетителите кој ќе уживаат во природата покрај погледот кон охридското езеро организаторите имаат обезбедено шанкови каде ке можат да купат пијалоци и храна по симболични цени.
Почеток на настанот е од 9:00 часот. Целиот настан ќе биде LIVESTREAM – емитуван во живо на социјалните мрежи (Куратица, Охрид Инфо и Дедо Димо Ресторан) и youtube.
Линковите за преносот наскоро тука.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !
Информации за пристигнување до локацијата:
Доколку доаѓате од Ресен:
shorturl.at/jrI89
Доколку доаѓате од Кичево со џип:
shorturl.at/des67
Доколку доаѓате од Кичево со кола до Куратица, користете го патот Кичево- Охрид – Куратица
СПОДЕЛИ
Close Search Window