Вести|

СПОДЕЛИ

ПРОГРАМА ЗА ЧЕСТВУВАЊЕ НА ПРАЗНИКОТ СВЕТА БОГОРОДИЦА

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ – село Куратица

 

ПОЧИТУВАНИ ВЕРНИЦИ И СОСЕЛАНИ, ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ И ПОСЕТИТЕЛИ

Македонската православна црква и нејзините верници на 28-ми август, го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, еден од најголемите христијански празници посветени на Богородица.

По тој повод, Црковниот одбор ја донесе следната програма на настани и манифестации за одбележување на празникот:

 

Среда, 27 август 2025:

 

  1. Црквата ќе биде отворена од 18 часот до 01 часот по полноќ,
  2. Секој верник и посетител што ќе ја посети црквата ќе има можност да запали свеќа и да биде послужен со пијалок,

 

Четврток, 28 август 2025 – ЦЕНТРАЛНА ПРОСЛАВА НА ПРАЗНИКОТ:

 

  1. Црквата ќе биде отворена во 9:00, часот наутро,
  2. Литургијата е закажана во 9:30 часот,
  3. Централната музичка прослава започнува во 12:00 часот со Ташко Каранфилоски и Империјал бенд
  4. За сите посетители годинешните кумови ќе споделуваат ручек од 13:00 часот,

Кумови се : Давор Николиќ и Ивана Николовска со фамилиите

 

 

 

Црковен Одбор

Св. Никола, село Куратица

Претседател

Г. Мицкоски

СПОДЕЛИ
Close Search Window
↑