На 800 метри (на 1220 мнв )од селото Куратица во самото подножје на ридот кај месноста викана „Горно село„ се издигнува црква посветена на Света Богородица . Храм кој веќе 2 децении интензивно се возобновуа од месното население и се чува и негува култот и посветеноста кон мајката Божја.
Жителите на селото заедно со верниците од околните населени места се соединуваат на церемонијата, истакнувајќи ја значењето на оваа света градба.
По тој повод вечерва 27.08.2023 од 19 часот започнува богослужбата , по што следува заедничка вечера со присутните верници.
После вечерата започнува општонародна веселба со естрадниот уметник Дарко Стојаноски и група Хризма.
исто така ве известуваме дека црквата ќе биде отворена и на 28.08.2023
Оваа година кумови на манифестацијата се Гоце Балоски и Иван Стојковски.
За многу години !
„Успение на Пресвета Богородица“ е манастирска црква на Куратичкиот манастир која се наоѓа над селото Куратица. Нејзината градба беше започната на 28 април 2001 година, кога бил поставен камен темелникот. Црквата е осветена на 31 јули 2010 година од страна на митрополитот г. Тимотеј. Во состав на манастирот изградена е просторија за гостите со површина од 22х7 метри, исто така планирно е изградба на конаци, со цел развивање на верскиот туризам.