Вести|

СПОДЕЛИ

Информација за јавноста по повод  ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛАТА, СВИНИШТА, ЗАВОЈ, ОПЕНИЦА, КОСЕЛ, КУРАТИЦА И РЕЧИЦА од страна на Инспекторатот при Општина Охрид

Информација за јавноста по повод  ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛАТА, СВИНИШТА, ЗАВОЈ, ОПЕНИЦА, КОСЕЛ, КУРАТИЦА И РЕЧИЦА од страна на Инспекторатот при Општина Охрид

 

Почитувани,

 

Во врска со известувањето од 12. Ноември, 2020 година, од страна на Инспекторатот при општина Охрид (објавено на веб страната на општина Охрид), за забрана за пиење на водата од водоснабдителниот објект во сопственост на МЗ с. Свиништа, МЗ с. Опеница, МЗ с. Косел и МЗ с. Куратица и водоснабдителниот објект-извор во сопственост на МЗ. с. Речица, а врз основа на резултатите од лабараториските анализи кои се направени од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид, ве информираме за следното:

 

Уште во месец Мај, 2019 та година, имајќи ги во вид екстремните метеролошки услови во последните неколку години и намаленото количество на вода, сложеноста на одржување на водоводниот систем, статусот на месните заедници и неможноста да се воведе ефикасен систем на контрола и наплата на потрошена вода, надлежностите на единиците на локална самоуправа, Законот за комунални дејности, како и голем број на други фактори кои имаат влијание врз функционалноста на системот за водоснабдување (Каптажи, цевковод, збирен и дистрибутивен резервоар, селска водоводна мрежа, приклучоци за домаќинства и стопански објекти и т.н.), Советот на Месната заедница од село Куратица донесе одлука и достави барање до Градоначалникот на општина Охрид, директорот на ЈП Проаква и Советот на Општина Охрид по итна постапка да донесат одлука за воведување на јавна услуга за водоснабдување на жителите на селото Куратица.

 

Покрај другото, во образложението на барањето од 2019 та година е наведено дека: “…најстрашно e непостоење на контрола на здравствената и санитарна одговорност за здравјето на локалното население, појава на епидемии и други заразни болести како последица од запуштеност на системот. Моменталниот статус на месните заедници во законот за локална самоуправа, истите ги остава без никаква моќ во ефикасно извршување на надлежности од комуналната област…”.

 

Доставеното БАРАЊЕ се темели врз основ на законската регулатива и тоа:

 

Според делот III. Од Законот за локалната самоуправа, член 22, листа на надлежности – во точката 4 се наведени Комунални дејности – меѓу кои на прво место е снабдување со вода за пиење.

 

Во Законот за комунални дејности, во членот 4, се вели:

 

  1. “Комунална дејност” е стопанска дејност за давање на комунални услуги за задоволување на потребите на физички и правни лица за која единиците на локалната самоуправа обезбедуваат услови за соодветен обем, квалитет, достапност, континуитет и надзор над нејзиното вршење;

 

Во членот 5 од истиот закон е наведено дека:

 

Комунални дејности, во смисла на овој закон, се:

1) изградба на водоснабдителен систем, обработка и снабдување со вода за пиење, под што се подразбира зафаќање, обработка и дистрибуција на вода преку водоснабдителниот систем до главниот водомер на корисникот на услугата; а во членот 9, точка 3, се наведува дека:

(3) Доколку општината, односно градот Скопје немаат основано јавно претпријатие,

вршењето на комуналните дејности можат да го доверат на правни и физички лица кои

поседуваат дозвола за вршење на соодветната дејност, согласно со условите утврдени вопосебен закон со кој се уредува одделна комунална дејност поинаку не е уредено.

 

Бидејќи според членот 10, точка 2 од овој закон:

 

(2) Дозвола за вршење на одделни комунални дејности може да добие правно и физичко лице регистрирано за вршење на соодветната комунална дејност и кое ги исполнува условите пропишани со посебен закон со кој се уредува комуналната дејност, во Општина Охрид овие дејности ги извршува МЈП Проаква, (немаме друго правно или физичко лице за вршење на оваа дејност),  а според членот 12 од овој закон месната заедница не може да ги исполни

1) техничките, санитарно-хигиенските, здравствените и други услови за вршење на дејноста, заради обезбедување на определен обем, вид и квалитет на комуналната услуга,

2) обезбедувањето на континуитет во вршењето на комуналните услуги;

3) начинот на наплата на надоместокот за комуналната услуга како и начинот на

постапување во случај на не добивање или неквалитетно добивање на услугата

 

 

Исто така, во нашето барање беа наведени, можностите  и моделите кои ги дава Законот за локална самоуправа кој во членот 2 точка  9. Во кој се вели дека  “Договор за извршување на работи од јавен интерес од локално значење” е договор со кој општината овластува определено правно или физичко лице во име или во интерес на општината да врши работи од јавен интерес од локално значење, а посебно во делот XII. МЕСНА  САМОУПРАВА, каде во членот 86, член 1 се овозможува делегирање на работи на облиците на месната самоуправа (1)

 

Ние како месна самоуправа доколку проблемот не го реши ЈП Проаква бараме Градоначалникот да делегира вршење на определени работи од непосреден интерес и секојдневно значење за животот и работата на жителите на претседателот на советот на урбаната, односно месната заедница, на начин утврден со статутот.

Доколку градоначалникот и надлежните институции не изнајдат ефикасен модел и решение за проблемот, а како резултат на таа игноранција се случат несакани и трагични последици по здравјето на жителите на овие населби, граѓаните, посетителите или туристите кои ги посетуваат овие подрачја, ние ќе поднесем кривични пријави за сите одговорни лица и органи заради загрозување на јавното здравство и животот на граѓаните.

 

 

Со почит,

 

Месна заедница село Куратица

Претседател

Горан Ангелоски

 

СПОДЕЛИ
Close Search Window