ПРОГРАМА ЗА ЧЕСТВУВАЊЕ НА ПРАЗНИКОТ СВЕТА БОГОРОДИЦА
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ – село Куратица
ПОЧИТУВАНИ ВЕРНИЦИ И СОСЕЛАНИ, ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ И ПОСЕТИТЕЛИ
Македонската православна црква и нејзините верници на 28-ми август, го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, еден од најголемите христијански празници посветени на Богородица.
По тој повод, Црковниот одбор ја донесе следната програма на настани и манифестации за одбележување на празникот:
Среда, 27 август 2025:
- Црквата ќе биде отворена од 18 часот до 01 часот по полноќ,
- Секој верник и посетител што ќе ја посети црквата ќе има можност да запали свеќа и да биде послужен со пијалок,
Четврток, 28 август 2025 – ЦЕНТРАЛНА ПРОСЛАВА НА ПРАЗНИКОТ:
- Црквата ќе биде отворена во 9:00, часот наутро,
- Литургијата е закажана во 9:30 часот,
- Централната музичка прослава започнува во 12:00 часот со Ташко Каранфилоски и Империјал бенд
- За сите посетители годинешните кумови ќе споделуваат ручек од 13:00 часот,
Кумови се : Давор Николиќ и Ивана Николовска со фамилиите
Црковен Одбор
Св. Никола, село Куратица
Претседател
Г. Мицкоски



