Почитувани, КАКО Е ДА СЕ РАБОТИ КАЈ НАС? Ова прашање стои на насловната страна на македонски Телеком. Понатаму истиот тој телеком се расфрла со промотивни суперлативи и самофалби од типот на:
“…Со преку 206,000 вработени во 34 земји, македонски Телеком, како дел од Групација Дојче Телеком е една од водечките светски телекомуникациски провајдери. Ние го создаваме дигиталниот свет од иднинта и ги збогатуваме животите на луѓето. Постојано го предизвикуваме status quo, се бориме за она во што веруваме и заедно учиме…” Аха, па сепак… нејасно ни е како го предизвикуваат тоа нивно staqtus quo!!?… Еве, ние корисниците на нивни услуги од селото Куратица сме соочени со status quo на мрежата на телеком КОЈА Е НАДВОР ОД ФУНКЦИЈА скоро цел еден месец!!!! Ужасен status quo со кој луѓето од телеком УЖАСНО СЕ СООЧУВААТ веќе цел еден месец. Одиме понатаму, напишале: “… Нашите стратешки цели се насочени кон постојано надградување на мрежата, следење на дигиталните трендови, градење партнерски релации со бизнисите, заштита на животната средина, но и кон задоволство на корисниците и вработените….” Во овој пасус единствено можеме да се сложиме со делот во кој што се тврди дека една од нивните стратешки цели е “…задоволство на …вработените…”. На примерот на корисниците од село Куратица, кои својата доверба и ја дале на оваа компанија и за чии “услуги” редовно одвојуваат од своите со мачен труд стекнатите приходи, евидентно е дека “… задоволството на корисниците…” е во втор или десети план. “… постојаното надградување на мрежата, следење на дигиталните трендови… “ е само мислена именка за овие корисници, кои своите жалби во немоќ скоро секојдневно ги реферираат кај службите на телеком (после она волшебно… ако се јавувате за… изберете…). “креативноста” на пишувачите на рекламни слогани во телеком не застанува тука. Тие продолжуваат понатаму и тврдат: “…нашата работа нè обликува. Токму поради ова за нас е уште поважно да работиме добро: да бидеме креативни, да работиме со голема автономија, да бидеме фокусирани на резултатите и корисниците, но и ДА СЕ ЗАБАВУВАМЕ додека сме на работното место…” Мора да е СТРАШНО ЗАБАВНО она кога корисниците од село Куратица, планинска, сиромашна, рурална средина, цел еден месец ви се јавуваат со молба за ИНФОРМАЦИЈА и ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ! А проблемот е 20 метри – со зборови 20 метри нов телеком кабел. Забавно, нема што, поготово кога вие работите со “…голема автономија…”, па онака автономно со месеци се оглушувате и ги игнорирате барањата на корисниците. Најверојатно таквата “…голема автономија…” во работата ви го овозможува монополскиот статус на пазарот. Пишувачите на рекламни слогани во телеком не застануваат тука. Во делот “…Тука ќе дознаете што значи да се работи за најдобриот бренд во Европа…”, Се расфрлаат со титулата „Најпосакуван работодавач во категоријата на телекомуникациски компании и дека “Во такво опкружување, компаниите имаат континуирана потреба од регрутирање нови таленти, за чие привлекување се потребни атрактивни услови за работа и современо работно опкружување во кое напорите на поединецот и тимската соработка и поддршка се препознаени и наградени..” Дали во делот на “… регрутирање на нови таленти” сте помислиле и на ТЕРЕНСКИ РАБОТНИЦИ што ќе бидат во состојба да сменат искинат кабел од 20 метри за два саати?? Еве нека биде и за два дена! Или вакви “таленти” не спаќаат во таа категорија? Или такви “таленти” не се во состојба да поднесат два сати работа на плус 40 целзиуси бидејќи тоа не е “…современо работно опкружување во кое напорите на поединецот и тимската соработка и поддршка се препознаени и наградени..” во телекомот!!?? Или е проблемот ДО КАБЕЛОТ!!?? Можеби е во прашање финансиски проблем да се набави кабелот!? Не ќе да е баш така, бидејќи во друга рубрика на страната на телеком читаме вакви Оди на радоста: Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година Македонски Телеком ja почна 2024 година со силен финансиски раст на крајот на првото тримесечје. Успешното работење продолжува како резултат на фокусот на модернизацијата и ширењето на мрежата, пионерството во воведувањето нови технологии и посветеностa на најдоброто корисничко искуство. Инвестиции и развој на најдобрата мрежа Продолжуваме да ја шириме инфраструктурата на целата територија со најновите технологии за да ги поврземе сите корисници со најдобрите услуги… За крај, дали како придонес за овој “… силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024…” ќе биде вкалкулиран и месечниот надомест за услуги на телеком кои го плаќаат корисниците од селото Куратица ВО ЦЕЛОСТ (иако се цел еден месец надвор од мрежата) или ќе бидете принципиелни и фер или по ваше “ … насочени кон задоволство на корисниците…”, па истите целосно ќе ги ОСЛОБОДИТЕ од ПЛАЌАЊЕ НА НЕИСПОРАЧАНИТЕ УСЛУГИ за месец Јуни – Јули 2024!!? ГРАГАНСКА ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕАКЦИЈА, ПРОТЕСТ ПОКРЕНУВАЊЕ СУДСКА ПОСТАПКА ЗА ОБЕШТЕТУВАЊЕ И РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ Куратица, 10.07.2024