Вести|

СПОДЕЛИ

Ја имавме последната голема активност во изградбата на црквата Св.Богородица -трпезарија и конаци во далечната 2010 та година.

Се започна така иако беше преголем залах допуштивме тогаш да направиме поголем објект за верски настани надевајки се и на приватни свечености… крштевки родендени, свадби итн…. еве поминаа  скоро 14 години од идејата за изградба на соби за престој-конаци (идеја на тогашниот одбор и месна заедница), да развиваме и верски туризам.се направија планови на собите објектот (последната измена на планот беше 20.08.2011 год,) по кој требаше да работиме. Времето брзо минува изминаа 14 години ние не успеавме од конаците К да изградиме . Ете покрај толку години во 2024 своеглво со 1 члена на црковниот одбор се впуштивме во нови „АВАНТУРИ“, наместо да ги градиме конаците  ние објектот од постоечки 150м2 , своеглаво го прошируваме за уште нови 63 м2 ..без да направиме финансиска конструкциј колку би не чинело сето тоа…. ако за постоечкиот објект до сега беа потребни најмалку 150 000 еур комплет да се опреми, колку ќе ни требат за уште нови 63х2 м2 ( 128м2, приземје и спрат)….ДАЛИ ОД ГЕНЕРАЦИЈАТА ШТО НАСЛЕДИВМЕ ЌЕ БИДЕМЕ СПОСОБНИ ДА ПРЕДАДЕМЕ НЕШТО СПРЕМНО НА ГЕНЕРАЦИЈАТА ШТО ТРЕБА ДА НЕ НАСЛЕДИ ?!

СПОДЕЛИ
Close Search Window