Вести|

Иако некогаш со 1500 жители, а денеска едвај 250, село Куратица е на пат да стане туристичка атракција.. Курјачани имаат уникатна понуда, од традиционална храна до јавање магариња во недопрената природа.

Село Куратица – охридско  станува туристичка атракција. Сместено 20 километри североисточно од Охрид, на патот кон Ресен,  во пазувите на планинскиот масив Мазатар под  Плаќенска планина, на надморска висина од 1080 метри, во прекрансната живописна природа Куратица,  плени со убавина.

Овде  некогаш живееле 1500 луѓе, денес само 250. Но во селото животот не замрел,  до ден денес има училиште, амбуланта, продавница, јавни тоалети, рибник, па и   адаптирани  апартмани за сместување.

Досетливите курајчани имаат уникатна понуда со која привлекуваат  многу странски и домашни гости. Холанѓаните главно уживаат во јавање магариња во прекрасната природа.

– „Изминативе десеттина години дојдовме до идеја како да привлечеме туристи. Тука поседуваме магариња сфативме дека можеме да ги понудиме на туристите бидејки тие ги немаат за нив е интересно“ – вели Горан Ангелески, претседател на МЗ Куратица.

Во селото има и етно ресторан каде странците уживаат во охридско ѓомлезе, курајчка манџа и свежа салата од  „тазе“ набрани плодови во локалната градина.

-„Целта на оваа приказна е да ги привлечеме домашните а пред се странските гости каде што ќе им биде понудено каде ќе им биде понудена изработената македонска селска храна“ , додава Ангелоски. Карактеристично за Куратица е тоа што има забава преку целата година Од мај до октомври привлечни се бројните прошетки пеш или со велосипед. За љубителите на адреналин  интересни се и оф роуд авантурите, сафари adventure со џип по планинските терени. Во зима уникатно возење  со ратрак до врвот Мазатар скијање на ски терените, а се планира  и ски лифт.

-„Се зголемува бројот на селски домаќинства, кои што работаат во туризмот се зголемува бројот на објекти даватели на услуги кои што работат во рамките на руралниот туризам“, вели Ѓоко Апостолов раководител на секторот за туризам.

Во охридско Курајца најбројни посетители  се холанѓаните, данците, русите и словенците. Добрите домаќини ги сакаат и ги канат и домашните туристи, оние кои сакаат да избегаат од градскиот метеж и да уживаат во спокојот на природата.

Извор: Канал 5 Телевизија

Close Search Window